Гаши: Значајните датуми од историјата на нашите народи се потсетник дека треба да дејствуваме сплотено во градење современа и просперитетна држава

Претседателот на  Собранието на Република Северна Македонија Африм Гаши упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба.

-Со формирањето на Македонската револуционерна организација во 1893 година се создадени основите на организираната борба за слобода и за независност. Континуираната борба и непокор низ децениите што следеа резултираше со создавање држава, во која денешните генерации ги живеат плодовите на самостојноста и на демократијата, истакнува Гаши.

Денешната генерација во нашата држава, како што посочува претседателот на Собранието, се соочува со поинакви искушенија и е исправена пред други цели.

– Наша стратешка цел сега е полноправното членството во ЕУ и понатамошното етаблирање во НАТО како рамноправна земја – членка. Предизвик за нашата генерација е постојано да ги унапредуваме демократските процеси, стандардите во здравството, образованието и во науката, владеењето на правото, економските и социјални текови и рамноправноста меѓу граѓаните, без разлика на национална, верска, родова или политичка припадност, вели Гаши.

Прочитајте и:  Сиљановска Давкова: Да не заборавиме дека државноста не ни е подарена, да си ја чуваме татковината оти друга немаме

Претседателот на  Собранието во честитката потенцира дека значајните датуми од историјата на нашите народи се наш потсетник дека треба да дејствуваме сплотено во градење современа и просперитетна држава. 

- Реклама -