Израелската војска објави: Убиен е човекот што требаше да стане нов лидер на Хезболах

Информациите говорат и дека Сафиедин е братучед на Насрала, што дополнително ја нагласи важноста на Сефеидин во Хезболах. Носел црн турбан што го симболизира неговото наводно потекло од исламскиот пророк, што се смета за важен дел од неговиот идентитет во организацијата

Израелската војска објави дека го убила Хашем Сефиедин, што требаше да го замени Хасан Насрала на чело на Хезболах.

Според информациите на израелската војска, Сафиедин е убиен во воздушен напад на предградието на Бејрут, а за време на истиот напад се смета дека се убиени дури 25 високи функционери на Хезболах.

Лидерот на Хезболах / Фото: Принтскрин

Информациите говорат и дека Сафиедин е братучед на Насрала, што дополнително ја нагласи важноста на Сефеидин во Хезболах. Носел црн турбан што го симболизира неговото наводно потекло од исламскиот пророк, што се смета за важен дел од неговиот идентитет во организацијата.

Амерокнаскиот Стејт департмент во 2017 година го прогласи за терорист, што дополнително ја нагласи сериозноста за неговото влијание и активности во Хезболах.

Сепак, израелската армија не даде детали за воздушниот напад во кој е убиен Сефеидин, но посочи дека оваа акција е важен чекор во напорите на израле да го ослабне Хезболах.

- Реклама -