Претставниците на здруженијата „Ринија е Батинцес“ и „Вукат“ го информирале ресорниот министер дека како резултат на несоодветното управување со депонијата, има драстично влошување на здравствената состојба на жителите на село Батинцe и околината
Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) заедно со Инспекторатот за животна средина ќе изврши увид во начинот на постапување со отпадот од страна на Јавното претпријатие „Дрисла“.
Ваквата најава следува по денешната средба на ресорниот министер Изет Меџити со претставници на здруженијата „Ринија е Батинцес“ и „Вукат“, кои во име на жителите на село Батинце и населбите кои гравитираат околу депонијата Дрисла, ја изразиле својата загриженост за лошото управување со отпадот и медицинскиот отпад од страна на јавното претпријатие под капата на Град Скопје.
Претставниците на здруженијата информирале дека како резултат на несоодветното управување со депонијата, има драстично влошување на здравствената состојба на жителите на село Батинцe и околината. Нивното единствено барање, како што велат, е современа депонија со еколошки и европски стандарди.
„По набљудувањето на ситуацијата на терен, Министерство за животна средина ќе ги разгледа можностите за изнаоѓање на потребните средства и алатки за модернизација на депонијата Дрисла и подобрување на животниот стандард на жителите кои живеат во нејзина близина“,
информираат од Министерството.