Гостивар-19 годишник ја нападнал и повредил својата мајка

СВР Тетово информира дека утрово (20.10.2024 година) во 6.15 часот полициски службеници од ОВР Гостивар на улица ,,Кеј Вардар“ го лишиле од слобода 19 годишниот Л.М. од Прилеп, со привремено место на живеење во Гостивар кој бил пријавен од неговата 35-годишна мајка дека, по вербална расправија пред станбената зграда каде што живеат, физички ја нападнал при што и нанел телесни повреди констатирани во медицински центар во Гостивар.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок, наведува полицијата.

Извор