Заменик лидерот на Хезболах, Касем побегна од Либан и сега е во Техеран

Заменикот на генералниот секретар на Хезболах, Наим Касем побегна од Либан со ирански авион и сега живее во Техеран, објави емиратскиот портал „Ерем њуз“ (Erem news).

Касем наводно заминал од Бејрут на 5 октомври со авионот, со кој иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи допатува во посета на Либан и Сирија. Доаѓањето на Касем во Иран го наредиле највисоките лидери на Исламската Република поради стравот дека тој може да биде елиминиран од страна на Израел.

Касем трипати се обрати до јавноста по убиството на лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, од кои третиот говор беше снимен во Техеран.

Прочитајте и:  ОН: Израелските доселеници протерале над 1.720 Палестинци од Западниот брег
- Реклама -