Анчелоти самокритичен по тешката победа над Селта

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти беше самокритичен по победата над Селта од 2-1 синоќа во Виго.

Успехот не дојде лесно и менаџерот призна дека можеби проблемот е во него бидејќи не им објаснил доволно јасно што сака од своите играчи.

-Среќен сум. На колку од овие натпревари не страдавме? На секој од нив страдаме, во повеќето случаи победуваме, но понекогаш заминуваме тажни. Денеска проблемот беше што премногу лесно ја губевме топката и страдавме од Кконтрите на противникот. Мораме да го подобриме тоа, бидејќи централните дефанзивци беа премногу отворени и ја губевме топката на средината на теренот, затоа делуваше Чуамени меѓу нив. Можеби проблемот беше што не објаснив доволно добро што сакам од играчите. Во вториот дел работите се подобрија, изјави Анчелоти по мечот.

Прочитајте и:  Винисиус се повреди, ќе го пропушти мечот со Ливерпул во Лигата на шампионите

Инаку тоа беше јубилеен натпревар број 200 за италијанскиот стручњак на чело на „белиот балет“ во Примера, откако има 143 победи, 33 нерешени и 24 порази.

- Реклама -