(Фото) Алана отиде во Турција да си ги среди забите и остана без нив: „Ми го уништија животот“

Алана Бун од Белгија остана целосно без заби, откако отиде во Турција да ги среди. Пријателката на нејзината мајка ја препорачала клиниката, каде што нарачала поставување на коронки во 2021 година, пишува британски Мирор.Вкупните трошоци со летот и хотел биле 10.000 евра, додека самата операција чинела 6.700 евра. Преку социјалните мрежи договориле план за процедура, таа испратила фотографии од забите на стоматолози во Турција.Кон крајот на јули започнаа подготовките за операцијата и брусењето на забите. Вели дека веќе следниот ден почнала да чувствува болки, но потоа и рекле дека мора да направат девитализација со која се отстранува дел од тешко оштетената забна пулпа, за што доплатила.Два дена подоцна и беа поставени постојани коронки. Таа вели дека викала и врескала, бидејќи имала многу болки. Кога се вратила дома на почетокот на август, болката само се влошила. Почнала да чувствува дупки во устата и „лош“ вкус.Таа посетила локална ординација во Белгија за да добие второ мислење, каде што потврдиле дека лекувањето е целосно неуспешно и дека мора да се вадат сите заби. Таа мораше да подлежи на интензивна корективна процедура, ѝ беа понудени три опции за третман кои чинат помеѓу 22.000 и 38.000 фунти.Од април годинава немала ниту еден заб, но во меѓувреме и се вградени осум импланти. Таа се консултирала и со орални хирурзи, кои се согласиле дека единствената опција е да се извадат сите заби и да се започне од почеток. Сè уште не е целосно ослободена од секојдневните болки, но ѝ олесна што и се отстранети лошите резултати од Турција.Таа се надева дека новите процедури ќе бидат завршени до јули следната година, но во меѓувреме сака да ја сподели својата приказна, па другите луѓе ќе бидат предупредени за можните последици, бидејќи таа не била.– Добро размислете пред да изберете стоматолог во странство. Ако тргне наопаку, треба да го решите проблемот во вашата земја и често завршувате со плаќање три пати повеќе. Не само што ми исчезнаа забите, туку и квалитетот на мојот живот беше уништен. Не можам да јадам нормално и широко да се насмевнувам – раскажува Бун за Mirror.Текстот (Фото) Алана отиде во Турција да си ги среди забите и остана без нив: „Ми го уништија животот“ е превземен од МАКФАКС.
Извор