Четири лица се здобиле со тешки повреди при градежни работи на објект во Гостивар

СВР Тетово извести дека вчера (16 октомври) во 15.00 часот во ОВР Гостивар, од Ургентен центар Гостивар било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди биле донесени Р.А.(53) од Дебреше, гостиварско и Ш.А.(49), С.А.(22) и С.А.(33), тројцата од Гостивар.

Според пријавеното, тие се здобиле со повредите при извршување градежни работи на објект  за фирма на улица „ЈНА“ во Гостивар.
Известени биле Јавен обвинител и трудова инспекција, а увид на лице место извршила екипа од ОВР Гостивар.

Извор