(Видео) На 50-годишна возраст прошета во предизвикувачки аутфит, на ревијата на Викторија Сикрет се појави и нејзината ќерка

Супермоделот Кејт Мос и нејзината ќерка Лила Мос прошетаа по пистата на Викторија Сикрет, со што го одбележаа своето деби во ова модното шоу.Иако тимот на „Викторија сикрет“ паузираше неколку години поради проблемите со кои се соочува брендот, тие брзо се вратија на големите врати и во ревијата ги собраа најголемите имиња од модната индустрија. @thecut Kate Moss makes her Victoria’s Secret runway debut!!!! #vsfashionshow #victoriasecret #katemoss ♬ original sound – the cutСо оглед на тоа што Адријана Лима беше големо изненадување за сите, а никој не очекуваше нејзино враќање од пензија на 43 години, на сцена стапија други големи имиња како Алесандра Амбросио, Џиџи Хадид, Тајра Бенкс, Ешли Греам и други. @ninaedits35 lila moss // vs fashion show 2024 #lilamoss #katemoss #vs #victoriassecret ♬ embrace – ❦Посебно внимание привлече дуото, мајка и ќерка Кејт и Лила Мос, кои дебитираа на ова шоу и покажаа зошто важат за едни од најдобрите.И покрај тоа што е на прагот на својата петта деценија, Кејт продефилира во црна долна облека, а за да го комплетира својот изглед носеше крилја од црни пердуви и црни штикли.Нејзината ќерка Лила Мос, која ја доби со поранешниот партнер Џеферсон Хек, носеше розова долна облека со соодветни крила од пердуви. Стајлингот го комплетираше со сребрени штикли на кои пишуваше Лила М.Иако дуото ретко се појавува заедно на модната писта, шоуто на Викторија не е единствениот настан на кој мајка и ќерка работеле заедно.Текстот (Видео) На 50-годишна возраст прошета во предизвикувачки аутфит, на ревијата на Викторија Сикрет се појави и нејзината ќерка е превземен од МАКФАКС.
Извор