ИРГЦ: Иран подготвува големо изненадување за Израел, поголемо од употреба на нуклеарно оружје

Иран подготвува големо изненадување кое ќе биде поголемо од употреба на нуклеарно оружје и планира да го нападне израелскиот нуклеарен реактор во градот Димона, изјави бригадниот генерал на Корпусот на иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), Ебрахим Ростами.

Тој претходно изјави дека ИРГЦ извел воена вежба симулирајќи гаѓање на реакторот во Димона, како и оти Иран подготвува големо изненадување, но не открива детали.

Ростами е поранешен директор за меѓународни односи на ИРГЦ.

Но, портпаролката на иранската Влада, Фатеме Мохаџерани повтори дека Техеран отфрла каква било војна во регионот и каква било регионална ескалација.

Сепак, таа нагласи дека Иран „не се откажува од своите национални интереси“ и оти неодамнешниот ирански напад врз Израел покажа „мал дел од воената и ракетната моќ на Иран“.

Прочитајте и:  ОН: Израелските доселеници протерале над 1.720 Палестинци од Западниот брег

– Иран е подготвен да изврши поголеми и пошироки напади врз Израел во соодветно време и на соодветно место. Тоа ќе биде без двоумење или попуштање, а нема да биде само реакција, предупреди Мохаџерани.

На 1 октомври, Иран лансираше повеќе од 180 ракети врз Израел, како одмазда за убиствата на милитантните лидери, како и за агресијата во Појасот Газа и Либан.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека Иран ќе плати за нападот.

- Реклама -