Сексот веднаш по отворањето на очите е одлична идеја. Ако досега сте се прашувале дали е добро наутро да имате секс, воопшто не двоумете се. Според научниците тоа е најдобриот период во денот за жешки авантури. Зошто сексот е особено добар наутро?
Сексот го ослободува хормонот окситоцин. Овој хормон е одговорен за доброто расположение, па затоа доколку денот го почнете со секс расположението ќе ви биде на завидно ниво уште од самиот старт на денот.
Доколку имате секс уште рано наутро цел ден ќе се чувствувате блиски еден со друг повеке од било кога. Ова го докажале бројни истражувања ширум светот, пробајте и вие.
Сексот рано наутро ќе ве растовари од стресот и ќе ви овозможи во текот на целиот ден да имате енергија за извршување на задачите.
Паровите кои имаат секс рано наутро имаат многу добар имунитет бидејќи сексот е природен засилувач на имунитетот.
Сексот ги чува ноктите, косата, коските и кожата. Редовниот секс е одличен чувар на здравјето.
Има уште многу причини кои би можеле да ги споменеме тука, но едно запамтете дека добриот почеток на денот во голем процент гарантира и негово добро завршување.