Тајван пресретнал рекордни 153 кинески авиони за еден ден во близина на островот

Тајван пресретнал рекорден број –  153 кинески авиони за еден ден во близина на островот, според податоците објавени денеска од тајванското Министерство за одбрана на крајот од денот на големи кинески воени вежби.

Тие летови се реализираа во период од 25 часа што заврши во 06:00 часот по локално време денеска (22:00 часот по Гринич вчера), соопшти Министерството, додавајќи дека 14 биле исто така откриени во истиот период кинески брод.

Пекинг вчера организираше воени вежби за опколување на Тајван со помош на авиони и воени бродови. Тие беа одржани неколку дена по говорот на тајванскиот претседател Лаи Чинте на Националниот ден на Тајван во четвртокот.

Кинеското Министерство за одбрана, пак, предупреди дека „доколку е потребно“ ќе преземе дополнителни дејствија против Тајван се додека не се реши прашањето.

„Народноослободителната армија на Кина ќе ги интензивира своите акции против секоја провокација поврзана со ‘независноста на Тајван’ додека конечно не се реши тајванското прашање“, се вели во соопштението.

Последните вежби не се повторување на воените маневри одржани во мај, туку претставуваат зголемување на притисокот против независноста на Тајван, посочи  кинеското Министерство во соопштението.

- Реклама -