ЈПДП му го прекинала задолжението координатор на контрола на патарина на Митревски и ќе испитува дали ја злоупотребил службената положба

Јавното претпријатие за државни патишта информира дека го прекинала временото задолжение на координаторот за контрола Миланчо Митревски и ќе ги преиспита изнесените наводи во јавноста дека ја злоупотребил службената положба.

-Јавното претпријатие за државни патишта известува дека лицето Миланчо Митревски на 28 јули 2024 година е назначен со времено задолжение од три месеци за координатор за контрола во Одделението за наплата на патарини и контрола. Јавното претпријатие за државни патишта ќе го прекине временото задолжение за координатор за контрола и ќе ги преиспита изнесените наводи во јавноста, затоа што Законот треба да важи за сите независно на која позиција или функција се, велат од Јавното претпријатие за државни патишта.

Опозицијата деновиве обвини дека Миланчо Митревски за шеф на контролорите на Наплатната служба на патарините во Петровец, бил назначен на функцијата иако за тоа не ги исполнувал условите, оти претходно бил фатен како ја злоупотребува службената положба, како и дека снимки од патарините кои им биле доставени од свиркачи покажувале оти тој не плаќал патарини. 

- Реклама -