Гостиварските основци добија унифициран буквар на албански јазик

Во Основното училиште „Исмаил Ќемали“ во Гостивар денеска министерот за здравство Арбен Таравари, амбасадорот на Албанија Денион Мејдани, в.д. градоначалник на општина Гостивар Валбон Лимани и директорот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Македонија (ИДКНАМ) Скендер Асани поделија примероци од унифицираниот буквар на албански јазик.

Гостите на првоодделенците и на наставниците им посочија дека од оваа книга ќе може да учат како и нивните врсници во Албанија и Косово.

Министерот Таравари рече дека со овој буквар ќе се придонесе во зачувување и негување на стандардниот и унифициран албански јазик.

– Употребата ќе се формализира, но важно е учениците од оваа година букварот дека ќе го користат во прво одделение и неговата употреба наскоро ќе се официјализира, рече Таравари и додаде дека на Албанците им се потребни и други заеднички учебници како по историја и географија.

Вршителот на должноста градоначалник Лимани напомена дека букварот ќе биде поделен на сите општински училишта. Учебниците се донација на ИДКНАМ.

- Реклама -