Сончево и потопло, температурите до 28 степени

Ќе има мала до умерена локална облачност со слаб до умерен ветер од северен правец

Сончево и потопло време најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Ќе има мала до умерена локална облачност со слаб до умерен северен ветер. Вдолж Повардарието ветрот од север ќе засилува.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 3 до 11 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 17 до 28 степени.

Времето во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен ветер од северен правец. Температурите ќе се движат од минимални 8 до максимални 25 степени.

Слично време УХМР најавува и за наредните денови.

- Реклама -