Уште еден земјотрес го погоди Врање, почуствуван и во земјава

Вечерва во 20 часот и 46 минути го погоди Врање земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала, објавено е на веб-страницата на Републичкиот сеизмолошки завод на Србија. Воедно, тоа не е единствениот земјотрес во текот на денешниот ден во тој град.

„На 13.10.2024 година во 20.46 часот по локално време е регистриран земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала во регионот на Врање. Теоретскиот интензитет во епицентарот е проценет на V-VI степени од Меркалиевата скала. Земјотресите со ваков интензитет можат да предизвикаат многу мали оштетувања на зградите во епицентралното подрачје“,

се вели на официјалната веб-страница на Институтот.

Денеска во Врање имало уште девет земјотреси со помала јачина, покажуваат податоците на веб-страницата на Институтот.

Земјотресот бил почувствуван во делови од Македонија, Србија,  Косово и Бугарија.

Претходно утрово, земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала ја погоди јужна Србија, а беше почувствуван и во Македонија и во Бугарија.

- Реклама -