Со итни законски измени се прекинува мандатот на членовите во независните државни комисии, реагираат од Платформата за борба против корупцијата

„Бараме од пратениците да не ги гласаат предложените измени на Законот за јавни набавки и да се отвори широка јавна расправа во која темелно и непартиски ќе се бараат решенија за подобрување на работењето на овиее и други независни институции“, се вели во соопштението од Платформата на граѓански организации

Престанокот на мандатите на претседателите и на членовите на независните државни комисии се прави со итни законски измени, предложени од група пратеници, без да бидат исполнети услови за разрешување и без јавни консултации. Ова е денешната реакција на Платформата за граѓански организации за борба против корупцијата за изгласаните измени и дополнувања, како и за предлозите за нови измени на законите со кои предвреме се прекинува мандатот на членовите и на претседателите на независни и самостојни државни органи, како Државната комисија за жалби по јавни набавки, Комисијата за заштита на конкуренцијата и второстената Државна комисија за одлучување во управна постапка.

„Со оглед на тоа што фокусот на овие законски измени е токму на составот и изборот на членови на независни институции, се стекнува впечаток дека целта на измените е да се изберат нови состави на овие комисии по мерка на новата власт“,

се вели во соопштението од Платформата за борба против корупцијата.

Посочуваат дека ваквиот упад во работата на институциите што по својот модеел треба да бидат независни од централната власт претставува опсен преседан и води кон дополнитеелна партизација на институциите.

„Бараме од пратениците да не ги гласаат предложените измени на Законот за јавни набавки и да се отвори широка јавна расправа во која темелно и непартиски ќе се бараат решенија за подобрување на работењето на овиее и други независни институции“,

велат од Платформата.

- Реклама -