(ВИДЕО) Филипче за 11 Октомври: Бевме на победничката страна во 1941 и во 1991 година, ќе бидеме и сега

„За жал, актуелната власт е првата македонска влада што свесно се откажува од европската иднина на земјата што е определба на многу генерации, односно од нашата генерациска задача. Наместо храбро да се бори за остварување на нашиот сон, таа го турка народот во самосожалување и откажување од остварување на нашите цели“, вели лидерот на СДСМ

Денес нашите граѓани и нашата држава повторно како и тогаш се наоѓаат пред нови битки и историски одлуки. Ако тогашната битка беше за слбоода и човечки правдини, денешните битки се за стабилна, интегрирана и просперитетна Македонија. Ова е пораката на лидерот на опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ) по повод 11 Октомври – Денот на народното востание во која направи паралела на партизанската борба за слобода и сопстевена држава во 1941 година и денешната битка пред која се исправени граѓаните и државата.

„Историската лекција од партизанската борна не треба никогаш да ја заборавиме, зашто таа е врежана во нашите корени. Наследството што партизаните ни го оставија ги дефинира нашите вредности и денес. Ние во СДСМ како продолжувачи на традицијата на НОБ и на вредностите на АСНОМ секогаш сме работеле и ќе работиме во духот на оваа победничка традиција. Нашите корени се во храбрата борба на партизаните, а тоа наследство и денеска ги дефинира нашите вредности“,

рече Филипче.

Во видео обраќањето по повод празникот Филипче рече дека нашиот просперитет можеме најдобро да го рееализираме со нашите европски сојузници како полноправна и рамноправна членка на Европската Унија.

„За жал, актуелната власт е првата македонска влада што свесно се откажува од европската иднина на земјата што е определба на многу генерации, односно од нашата генерациска задача. Наместо храбро да се бори за остварување на нашиот сон, таа го турка народот во самосожалување и откажување од остварување на нашите цели. Токму затоа на овој свеетол ден клучното прашање што треба да го поставиме е дали ќе ја извојувавме слободата доколку бевме малодушни и западневме во самосожалување тој октомври 1941 година наместо храбро да се соочевме со предизвикот на борбата? Одговорот на ова прашање веќе го даде историјата“,

вели Филипче.

Претседателот на СДСМ Венко Филипче / Фото: СДСМ

Според него, СДСМ останува на вистинската страна на историјата, оти како што рече, само така победата е сигурна.

„Бевме на победничката страна во 1941 и во 1991 година, ќе бидеме и сега. СДСМ секогаш ќе биде тука заедно со своите граѓани и кога е во владата и кога е во опозицијата. Борбата за Македонија е борба на сите граѓани, а не само на една политичка гарнитура. Нека не води победничкиот дух на 11 Октомври во сите битки и одлуки што се пред нас“,

рече лидерот на СДСМ.

- Реклама -