Украинскиот парламент одобри зголемување на даноците

Парламентот на Украина денеска изгласа зголемување на даноците за време на војната, со цел да се зајакнат државните финансии.

Со новиот закон воениот данок се зголемува од 1,5 на пет отсто за граѓаните на Украина, но за припадниците на армијата данокот останува на 1,5 проценти.

Меѓу клучните измени што ги усвои Врхованата рада се измените во оданочувањето на нотарите, зголемувањето на даноците за трговците поединци од првата и втората група, воведувањето данок од еден отсто за трговците поединци од третата групација (мали и средни претпријатија во услужниот сектор, како и консултантски, образовни и земјоделски дејности), воспоставување данок од 50 проценти на добивките на банките во 2024 година, воведување авансни плаќања од сопствениците на бензински пумпи и месечно пријавување од персонален данок на доход.

Прочитајте и:  Вјоса Османи: Како што изгубија во Косово, варварските сили ќе изгубат и во Украина

Врховната Рада во втор обид предлог-законот за зголемување на даноците за 58 милијарди гривни (речиси 1,3 милијарди евра) оваа година и уште 137 милијарди гривни (над три милијарди евра) следната 2025 година.

- Реклама -