Москва: Соборени се 92 украински дронови над повеќе руски региони

Според соопштението на Министерството за надворешни работи на Русија, најголем број беспилотни летала, односно 47, биле соборени над регионот Краснодар, кој се наоѓа во југозападниот дел на земјата покрај брегот на Црното Море

Руската војска соопшти дека соборила 92 украински беспилотни летала над нејзина територија, од кои повеќето во југозападниот дел на земјата, пренесува новинската агенција АФП.

Пожар во руско складиште за гориво по украински напад со дрон / Фото: Архива

Инаку, Русија речиси секојдневно известува за соборени украински дронови над нејзина територија, додека Киев вели дека нападите, чија цел најчесто се локации од енергетска инфраструктура, се одговор на руското бомбардирање на позиции во Украина.

Според соопштението на Министерството за надворешни работи на Русија, најголем број беспилотни летала, односно 47, биле соборени над регионот Краснодар, кој се наоѓа во југозападниот дел на земјата покрај брегот на Црното Море.

Петнаесет беспилотни летала биле соборени над Азовското Море, 12 над пограничниот регион Курск, а останатите на други региони кои се наоѓаат блиску до границата со Украина, велат од руското Министерство.

Киев во последните месеци ги засили нападите врз рускиот енргетски сектор, а целта е, како што се наведува, да ги предизвика штети кои би довеле до прекин на приходите што Москва ги користи за финансирање на својата, како што Кремљ ја нарекува, специјална воена операција во Украина, које влезе во својата трета година, откако започна на 24 февруари 2022 година.

Вчера во Дубовник, Хрватска се одржа самитот Украина-Југоисточна Европа, на кој присуствуваше и претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Учесниците на собирот усвоија декларација со која ја осудија руската инвазија и ја потврдија поддршката за Украина, нејзиниот територијален интегритет, европските интеграции и членството на земјата во НАТО.  

„Без слободна и мирна Украина, нема слободна и мирна Европа“,

се наведува во заклучокот од документот.

Самитот во Дубровник беше трет собир од ваков формат, откако претходните два се одржаа во Атина и Тирана.

- Реклама -