ПО Галате лиши од слобода лица на 19 и 31 годишна возраст барани со потерница

СВР Тетово информира дека вчера (8 октомври) во 19.40 и 20.15 часот во гостиварски Добридол и Градец, полициски службеници од Полициското одделение Галате ги привеле Ј.М.(19) од Добридол и Б.Х.(31) од Градец.

„Ј.М. бил баран  по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна за сторени кривични дела „тешка кражба“, додека Б.Х. бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна за сторено кривично дело „разбојништво“.“, стои во полициското соопштение.
Тие биле предадени во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на затворските казни.

Извор