Манчестер Сити во Зубименди ја гледа замената за Родриго


Според дел од англиските медиуми во Манчестер Сити замена за повредениот Шпанец Родриго би требало да биде неговиот сонародник, 25-годишниот Мартин Зубименди.

Родри ќе ја пропушти целата сезона, а оваа информација е многу вознемирувачка за актуелниот шампион на англиската Премиер лига, кој дефинитивно сака да му најде адекватна замена, а не да го пополни неговото отсуство со постојната сила во играчкиот кадар.

Во Манчестер Сити ги одмеруваа работите и одлучија дека најдобро решение е Зубименди, дефанзивниот играч за врска на Реал Сосиедад, кој беше блиску до преминување во Ливерпул во текот на летниот преоден рок. Тој трансфер не се реализираше, но според информациите, Зубименди најверојатно во јануари во зимскиот преоден рок би требало да заврши во Премиер лигата и да го облече дресот на клубот од Манчестер. Тој трансфер клубoт ќе треба да плати 60 милиони евра.

Зубименди е играч на Реал Сосиедад од почетокот на кариерата, како и еден од клучните играчи на баскискиот клуб во последно време. За шпанската репрезентација забележа 12 настапи.

Манчестер Сити моментално е втор во табелата во Премиер лигата и има бод зад лидерот Ливерпул.

- Реклама -