Дебелите деца можат да станат импотентни мажи

Според истражувањата, дебелите деца имаат голем ризик да пораснат како импотентни мажи бидејќи нивното ниво на тестостерон е значително намалено.

Научниците од Универзитетот во Бафало направиле истражување каде што ги споредиле резултатите од испитување на тестостеронот кај 25 деца со нормална телесна тежина и 25 деца со зголемена телесна тежина. Децата кои биле испитувани биле на возраст од 14 до 20 години, а резултатите покажале дека дебелите деца имале за најмалку 50 % помало ниво на тестостерон од останатите.

Научниците велат дека ќе продолжат со истражувањето на поголем број на деца за со сигурност да ја докажат поврзаноста на дебелината и тестостеронот. Истражувањето е објавено во списанието Clinical Endocrinology.     Одговорниот на истражувањето д-р Пареш Дардона, изјавил дека навистина е изненаден од фактот што дебелите деца имаат дури 50 % помалку тестостерон од оние со нормална телесна тежина и дека резултатите се многу позагрижувачки отколку што некој очекувал.

Прочитајте и:  Осум држави најавија забрана за физичко казнување деца

Дебелината кај децата е сѐ почеста денеска што претставува навистина загрижувачки податок. Добрата вест е дека со намалување на телесната тежина нивото на тестостерон може да се врати, но сепак научниците велат дека ќе направат поопсежно испитување и ќе излезат со поконкретни резултати.

- Реклама -