По руски напад градови во источна Украина останаа без вода

Повеќе од четвртина милион луѓе се без вода во северниот дел на источниот украински регион Доњецк поради руска воена акција, информира денеска гувернерот Вадим Филашкин на Телеграм.

Филашкин рече дека се засегнати градовите Славјанск, Краматорск, Дружкивка, Костјантинивка и нивните околни населби, сите северно од градот Доњецк, окупиран од Русија. Околу 260.000 луѓе се без водовод, додаде тој.

Два објекти со кои управуваше регионалната управа за води беа сериозно оштетени на 25 септември и не беше можно да се обнови снабдувањето, рече Филашкин и додаде дека се разгледуваат алтернативи.

Прочитајте и:  Стејт департмент: На Украина не и треба дозвола од САД за користење сопствено оружје во напади врз Русија
- Реклама -