Драма во Германија: Лекарите извлекле брачен пар од воз, се стравува дека се заразени со смртоносен вирус

Мажот, наводно студент по медицина, немал температура, но неговата девојка почнала да повраќа во возот. Германскиот портал „Моргенпост“ пишува дека двојката во средата наутро директно од Руанда пристигнала со авион, пренесува Дневник.хр

Дел од железничката станица во Хамбург вчера попладне била опколена откако со воз од Франкфурт пристигнал брачен пар за кој се стравувало дека е заразен со многу опасен и смртоносен вирус.

Централната железничка станица во Минхен, Фото: Илустрација / EPA-EFE/ANNA SZILAGYI

Полицијата ја опколила платформата, а лекарите со полна опрема се качиле во возот и го префрлиле младиот пар во болница. Останатите патници биле евакуирани.

Мажот, наводно студент по медицина, немал температура, но неговата девојка почнала да повраќа во возот. Германскиот портал „Моргенпост“ пишува дека двојката во средата наутро директно од Руанда пристигнала со авион, пренесува Дневник.хр.

Портпаролот на противпожарната служба во изјава за таблоидот Билд рекол дека 26-годишниот и неговата девојка, за време на патувањето, развиле симптоми слични на грип. Тој исто така рекол дека двајцата лекувале маж во Африка за кој подоцна било потврдено дека е заразен со вирусот марбург.

Студентот и неговата девојка биле пренесени во Универзитетската болница „Епендорф“, специјализирана за тропски болести. Нивниот багаж бил одземен.

Руанда моментално се бори со појава на вирусот марбург, кој досега однесе осум животи, пишува Би-би-си.

Марбург вирусот се пренесува преку изложување на овошни лилјаци, но може да се пренесе и од човек на човек преку телесни течности, крв и незаштитен секс.

- Реклама -