Лавров: Русија непоколебливо го поддржува територијалниот интегритет на Кина

Русија ја поддржува политиката на Кина во Азија, вклучително и критиките на Пекинг за напорите на САД за проширување на влијанието во Азиско-тихоокеанскиот регион и „намерните обиди“ на Вашингтон да ги поттикне тензиите околу Тајван, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Тој, во интервју за „Росијскаја газата“ по повод 75-годишнината од воспоставување на дипломатски односи помеѓу Москва и Пекинг, наведе дека Русија и Кина имаат слични ставови во „процената на ризиците поврзани со обидите на Западот да го прошири своето влијание во азиско-пацифичкиот регион“.

– САД и нивните сателити намерно ги зголемуваат тензиите во Тајванскиот Теснец. Со кршење на принципот „една Кина“, што го признаваат, тие ги зајакнуваат своите врски со властите на островот. Ставот на Русија за прашањето на Тајван е изразена во непоколеблива поддршка за територијалниот интегритет на Кина, изразена на различни нивоа, вклучително и највисоко ниво, посочи Лавров.

Тој го пофали и „урамнотежениот и конзистентен“ став на Кина за војната во Украина.

- Реклама -