Лидерот на Хезболах наводно прифатил примирје пред да биде ликвидиран во Бејрут

Министерот за надворешни работи на Либан, Абдала Бу Хабиб, откри дека лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, прифатил 21-дневно примирје, предложено од САД и Франција, само неколку дена пред да биде убиен во силен израелски напад на Бејрут.

Во интервју за Си-Ен-Ен, Бу Хабиб потврди дека Либан бил подготвен за примирје, по консултации со Хезболах и дека биле известени САД и Франција.

Тој додаде дека високиот советник на Белата куќа, Амос Хохштајн, требал да отпатува во Либан за почеток на мировните преговори, но изненадниот израелски напад ја сменил ситуацијата.

Покрај тоа, иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во неделата изјави дека Иран одлучил да не возврати на убиството на лидерот на Хамас во Техеран, иако примирјето ветено од Западот било „целосно лажно“.

Прочитајте и:  МКС издаде налог за апсење на Нетанјаху, Галант и лидерот на Хамас

Иранскиот ајатолах Али Хамнеи испратил предупредување до Насрала преку генерал Абас Нилфорушан, советувајќи го да ја напушти земјата поради сериозни закани по неговиот живот.

Хамнеи го испратил високиот командант на иранската револуционерна гарда, бригадниот генерал Нилфорушан, лично да му ја пренесе пораката на Насрала. Во пораката се тврди дека израелските разузнавачи имаат агенти во Хезболах и планираат да го убијат Насрала. Нилфорушан беше со Насрала во бункерот кога израелскиот напад го погоди Бејрут, и двајцата беа убиени во тој напад.

Веднаш по смртта на Насрала, Хамнеи нареди одмазда. Околу 200 ракети беа истрелани кон Израел како одговор на израелскиот напад, Овој напад беше директен резултат на смртта на Насрала и генерал Нилфорушан.

- Реклама -