Сообраќајка на патот Битола-Прилеп кај клучката „Лагово“

Засега нема информации како била предизвикана незгодата и дали има повредени

Сообраќајот на магистралниот пат Битола – Прилеп кај клучката „Лагово“ е во прекин поради сообраќајна незгода, информира утрово Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Фото: Илустрација

Оттаму информираат дека сообраќајката се случила утрово околу 8 часот.

Засега нема информации како била предизвикана незгодата и дали има повредени.

- Реклама -