Војната не е опција за либанскиот премиер: Тоа би било најголемото раселување во историјата на Либан

Според Наџиб Микати, борбите со Израел би принудиле најмалку еден милион Либанци да побегнат од одредени делови на државата и тоа би било најголемото раселување во историјата на земјата

Наџиб Микати, премиер на Либан

Премиерот на Либан, Наџиб Микати вели, за неговата земја единствена опција е дипломатско решение за да се стави крај на борбите меѓу Израел и вооруженото движење Хезболах.

Според него, борбите би принудиле најмалку еден милион Либанци да побегнат од одредени делови на државата и тоа би било најголемото раселување во историјата на земјата.

„Тоа е најголемото раселување што може да се случи во Либан“,

истакна Микати.

Либанскиот министер пак Зијад Макари, на седницата на Владата изјави дека се уште траат дипломатските напори за прекин на огнот со Израел, пренесоа израелските медиуми.

„Сигурно е дека либанската влада сака прекин на огнот и сите знаат дека Нетанјаху отиде во Њујорк врз основа на премисата за прекин на огнот, но беше донесена одлука да се убие Насралах“,

рече Макари.

Тој додаде дека дипломатските напори за постигнување прекин на огнот се во тек, но дека тоа не е лесно.

- Реклама -