(ВИДЕО) Патници ги искршиле прозорците откако се појавил чад во автобус кој се враќал од Грција

Телевизија 21 јавува дека повеќето од патниците биле под 18 години. Засега нема информации за повредени. Според неофицијални информации кои ги пренесува ТВ 21, станува збор за автобус на компанијата „Ројал травел“, поранешна „Беса транс“

Во автобус на домашната туристичка компанија „Ројал травел“, синоќа, на враќање од Грција, се појавил чад, по што патниците во паника ги искршиле прозорците за да излезат од него, јавува ТВ 21. Настанот се случил во Велес.

Фото: Телевизија 21

Според информации на ТВ 21, возачот ги повикал патниците да излезат од автобусот, но во тој момент вратите биле затворени, по што патниците ги скршиле прозорците за да излезат.

Телевизијата пренесува дека повеќето од патниците биле под 18 години.

Засега нема информации за повредени.

Според неофицијални информации кои ги пренесува ТВ 21, станува збор за автобус на компанијата „Ројал травел“, поранешна „Беса транс“.

- Реклама -