30 години без Вангел Коџоман

На денешен ден пред 30 години почина Вангел Коџоман, уметникот кој ги создаде темелите на модерната уметност во Македонија.

Роден е на 14 февруари 1904 во Струга. Се школувал во Охрид каде во 1923/24 година матурирал во Охридската гимназија. Од 1924 до 1928 година го завршил наставниот оддел на Уметничката школа во Белград. Во 1928 година го продолжил студирањето на двегодишниот академски курс за чиста уметност кај проф. Милан Миловановиќ. Кон крајот на школувањето бил на покус студиски престој во Италија.

По отслужувањето на деветомесечниот воен рок во Сараево во 1931 година стапил во служба како ликовен педагог во Охридската гимназија. Од 1929, особено од 1936 година до почетокот на војната учествувал во пролетните изложби на сликарски и вајарски дела на југословенските уметници и на есенските изложби на белградските уметници во Белград. Во 1937 година учествувал на изложбата на независните сликари во Белград, наречена „бојкоташка”.

Во 1938-39 годинао во Белград добил место на професор по ликовно воспитание во Седмата машка гимназија, каде останал до 1945 и учествувал во културниот, уметничкиот и спортскиот живот.

Во месец октомври, неколку дена по ослободувањето на Белград, стапил како воен сликар на должност шеф на Одделот за пропаганда при Главниот штаб на Македонија за ширење на ликовната уметност во војската и народот на која останал шест месеци, до први јуни 1945 година. По демобилизирањето, кон крајот на септември 1945 година дошол во ослободеното Скопје каде се вработил како професор во Средната художествена школа која во 1948 го добива називот Училиште за применета уметност.

Таму работел во 1952 година Вангел Коџоман е еден од основачите на Друштвото на ликовните уметници на Македонија во Скопје и долгогодишен член на неговата управа.

Од 1945 година учествувал на изложбите на ДЛУМ во Скопје и во другите југословенски центри, како и на разни тематски изложби. Од 1952 година Започнал да работи како професор на Вишата педагошка школа во Скопје, каде до 1972 година.

Предавал сликарство и методика на ликовното воспитание. Учел повеќе генерации млади уметници и педагози. Во 1953 година.

Заедно со Личеноски и Мартиноски ја претставувал македонската ликовна уметност на големата изложба „Половина век на југословенското сликарство, 1900-1950″ во Модерната галерија во Загреб.

Во 1955-56 година остварил четиримесечен студиски престој во Париз. Во неговиот дневник ќе запише: „По престојот во метрополата моите настојувања стануваат се посмели и поафирмативни, ро извесно надградување и формирање на творечкиот инстинкт”.

Во 1974 година во Струга ја отворил постојаната тематска изложба-легат Струга во минатото, сместена во Спомен-куќата на Вангел Ко џоман, со околу 30 масла и акварели. Во 1975 година е избран за дописен член на МАНУ.

Редовен член е од 1981. Носител е на наградите: Октомвриска награда на СРМ за животно дело – 1969; Осмоноемвриска награда на Струга – 1975; АВНОЈ – 1979; 13 ноември на Град Скопје – 1981.

Починал во Скопје во 1994 година.

Името и ликовното дело на Вангел Коџоман е вградено во темелите на модерната уметност во Македонија. Тој е ликовен уметник и еден од малубројните кој во почетокот на триесеттите години на минатиот век, во историски неповолни услови, ја запозчнал својата творечка активност. Личниот придонес на Коџоман, изграден врз искуствата на постимпресионзмот, фовистичките и експресионистичките искуства во ликовната уметност, едновремено настојувал во својата постапка да ги вклучи сталожените искуства на модерната уметност.

Неговото дело е од големо значење особено поради тоа што се смета за еден од основачите на Средното уметничко училиште во Скопје, Друштвото на ликовните уметници на Македонија и како учесник во народно-ослободителната и антифашистичката војна на територијата на Македонија.

- Реклама -