Лукашенко: Белорусија ќе употреби нуклеарно оружје ако биде нападната од НАТО

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека Белорусија ќе употреби нуклеарно оружје доколку биде нападната од НАТО, пренесува руската државна агенција ТАСС.

– Напад врз Белорусија е вовед во Трета светска војна,  изјави Лукашенко, додавајќи дека границите на државата се црвена линија и секое прекршување ќе има моментален одговор.

Според Лукашенко, рускиот претседател Владимир Путин го потврдил неговото тврдење со последните измени на руската нуклеарна доктрина.

Прочитајте и:  Кремљ одби да ги коментира обвиненијата за напад со „Кинжал“
- Реклама -