Несреќа во 2 по полноќ во Гостивар, тешко повреден маж

СВР Тетово соопшти дека ноќеска во 2 часот после полноќ во ОВР Гостивар било пријавено дека на крстосница од улица „Боге Велјаноски“ со улица „Питарница“ во Гостивар, патничко возило „опел корса“ со албански национални ознаки, управувано од А.Л.(51) од Република Албанија, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото, констатирани во Медицински Центар во Гостивар. Увид на лице место извршила екипа од ОВР Гостивар.

Извор