Сиљановска-Давкова: Очигледни се длабоките поделби меѓу нациите во Генералното собрание на ОН

Обраќањето на претседателката Сиљановска-Давкова ќе се случи утре попладне по македонско време. Посочи дека нејзината порака ќе ја пренесе на македонскијазик, во која ќе потсети на нашата решеност за мириљубивост, дијалог и за почитување на меѓународното право

Во 1945 година Организацијата на Обединетите нации (ООН) настана како еден темелен мировен и антиколонијален проект, а денес сме соочени со војна и очигледни се длабоките поделби меѓу нациите во Генералното собрание, што ја одразува вистинската поделба што постои во светот. Ова во интервју за МИА го изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова што неделава ја предводи македонската делегација на 79. Геенерално собрание на ОН.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од Њујорк / Фото: МИА

„Значи ОН мора да се соочат со потребата од темелни реформи, институционални, функционални односно во процесот на ослучувањето, но најмногу во инволвирањето на сите членки на ОН во донесувањето на клучните одлуки. Најрадикалните или најстрогите, меѓу кои сум и јас, сметаме дека декоративнитее промени нема да го продолжат животот на ОН“,

вели таа.

Посочи дека иако многу челници повикале на сериозни реформи, сепак не очекува дека тие наскоро ќе се случат.

Обраќањето на претседателката Сиљановска-Давкова ќе се случи утре попладне по македонско време. Посочи дека нејзината порака ќе ја пренесе на македонски јазик, во која ќе потсети на нашата решеност за мириљубивост, дијалог и за почитување на меѓународното право.

„Имам 15 минути време. Завчера зборувавме за иднината на светот, ама јас сакам сега иднината на светот да ја кажам низ македонскиот збор. Ќе потсетам на тажната македонска приказна во чија крееација учествуваа и ОН, низ што се поминавме, ќе потсетам на нашата решеност мирољубиво и низ дијалог да се почитува и да го почитуваме меѓународното право. Ќе укажам на основнитее проблеми на човеештвото, но сега со поголема аргументација на мирот, на безбедноста. Совет за безбедност имаме, ама амбиентот е небезбеден, сегаде, па дури и овде во Њујорк“,

рече таа.

Претседателката присуствува на работен ручек со претставникот на Европската унија за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел со шефовите на делегациите на земјите од Западниот Балкан / ФОТО: МИА

Претседателката денеска во Њујорк присуствува и на работен ручек со претставникот на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел со шефовите на делегациите на земјите од Западниот Балкан.

- Реклама -