Креиран првиот природен рубин во лабораторија

Софи Банс, која е предавачка за дизајн на накит и истражувачка на Универзитетот на Западна Англија (UWE) во Бристол, разви хемиска техника за да го активира процесот на раст на скапоцените камења.

Методот овозможува да се умножи мал фрагмент од вистински рубин без да се наруши неговата околина ако скапоцениот камен е, на пример, дел од нараквица, прстен, ѓердан или некое друго парче накит.

Универзитетот верува дека ова е првиот процес во кој растат рубини.

За да ги одгледува скапоцените камења, Софи Банс собирала „семиња“, односно ги земала парчињата што останале од рубините при обработката.

Таа ставила фрагмент од рубин во платинест амбиент, како што би бил на прстен, а потоа употребила хемиски агенс наречен флукс. На овој начин се намалува температурата, што овозможува формирање на скапоцениот камен, односно негов раст.

За разлика од скапоцен камен целосно одгледуван во лабораторија, кој може да биде енергетски интензивен, или скапоцен камен ископан од земја, овие скапоцени камења се одгледуваат во печка од парчиња отпаден материјал и потребни се само неколку дена и „пет часа енергија“ за да пораснат.

„Експериментирам да ги одгледувам во рерна помеѓу пет и 50 часа. За повеќе време, ќе добиете кристали кои се малку почисти и поголеми“, објасни Софи Бунс, додавајќи дека работи на скратување на временскиот процес за да го направи поодржлив.

Според неа, методот ја оспорува идејата дека скапоцените камења направени од човекот се вештачки.

Донекаде непредвидливиот раст ги карактеризира природните аспекти и ова, како производител на накит, го сметам за фасцинантно“, истакна Бунс.

Ребека Ендерби, дизајнерка на накит од Бристол, која пишувала написи за дијаманти одгледани во лабораторија, вели дека перцепциите за нивната вредност се менуваат: „Скапоцените камења кои се одгледуваат во лабораторија како овој не се вештачки. Процесот го имитира она што расте во земјата со илјадници години, така што тие се поприфатлива алтернатива на ископуваните скапоцени камења“.

Ендерби додаде дека скапоцените камења кои се одгледуваат во лабораторија имаат потенцијал да бидат поеколошки.

„Меѓутоа, тие користат многу енергија за создавање, па затоа треба да најдеме начин да ги произведеме со зелена енергија“, вели дизајнерката.

Проектот за одгледување рубин, кој е дел од докторската теза на Софи Банс, обезбеди финансирање за втората фаза.

Во истражувањето е вклучен и Универзитетот во Бристол за во следната фаза да се прошири и на одгледување на други скапоцени камења.

Извор: РТС

- Реклама -