Цинкот ги намалува проблемите со дишењето

Според најновите истражувања, цинкот ги намалува проблемите со белите дробови односно со дишењето. Според научниците, цинкот може да ја спречи предвремената смрт на децата со акутни белодробни инфекции.

Студијата вклучила научници од Индија, Канада и Австрија и 96 деца на возраст до 5 години. Според резултатите од истражувањето, цинкот има моќ да го подобри дишењето и да ја намали смртноста кај децата со акутни белодробни инфекции.

Во истражувањето, на една група деца во тек на 60 дена како додаток во исхраната им било давано по 10 милиграми цинк (нормалната дневна потреба е од 9 до 11). На другата група деца не им било давано дополнителен цинк.

Резултатите покажале дека децата на кои им бил даден дополнителен цинк, полесно закрепнувале и имале многу помалку напади на гушење, за разлика од оние кои не примале дополнителен цинк.

Затоа научниците советуваат да проверите дали цинкот е дел од вашата секојдневна исхрана. Не е потребно да го додавате како суплемент, но е потребно редовно да го внесувате преку храната. Најдобри извори на цинк се: млеко, месо, јајца, пилешко, јагнешко, лубеница, кикирики, авокадо, ореви, јагоди и слично.

- Реклама -