Шефот на ОН: Газа е кошмар што се заканува да го втурне целиот регион во хаос

Гутереш претходно ги предупреди лидерите собрани во Њујорк на Генералното собрание на ОН дека „Либан е на работ на колапс“

Израел денеска го обвини генералниот секретар на ОН дека не презема ништо за да ги спречи нападите на Хезболах на нејзина територија, откако Антонио Гутереш ја спореди израелската војна против Хамас во Газа со „постојан кошмар“ што се заканува да го одведе Либан во хаос.

„Кошмарот за кој зборувате е реалност. Таа реалност е дека Хезболах го зеде Либан како заложник и дека ОН не го признаваат она што (Хезболах) го прави и повеќе не ги исполнуваат своите основни задачи: да ги спречат нападите на Хезболах и да бараат спроведувањето на резолуцијата 1701 на Советот за безбедност“,

напиша израелскиот министер за одбрана Јоав Галант на социјалната мрежа Икс.

Гутереш претходно ги предупреди лидерите собрани во Њујорк на Генералното собрание на ОН дека „Либан е на работ на колапс“.

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш зборува за време на Генералната дебата на 79-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, 24 септември 2024 година, Фото: EPA-EFE/SARAH YENESEL

„Газа е кошмар кој се заканува да го вовлече целиот регион во хаос, израелскиот народ и целиот свет не смеат да дозволат Либан да стане уште една Газа. „Сите треба да бидеме вознемирени од оваа ескалација. Либан е на работ на колапс“,

рече првиот човек на ОН.

Израелската армија вечерва соопшти дека либанскиот Хезболах истрелал околу 300 ракети во текот на денот на израелска територија, откако претходно соопшти дека израелската авијација гаѓала позиции на исламистичкото движење во Либан.

„Денеска беа истрелани околу 300 ракети на израелска територија, при што беа повредени шест цивили и војници, од кои повеќето лесно“,

изјави портпаролот на армијата Даниел Хагари на брифинг со новинарите.

Истовремено, либанскиот министер за здравство Фирас Абијадтелс за Ал Џезира изјави дека во понеделникот во израелските напади врз Либан загинале најмалку 569 луѓе, меѓу кои 50 деца и 94 жени.

Ова е најсмртоносниот ден во Либан во речиси една година размена на оган меѓу двете страни, паралелно со војната што се води во Газа.

- Реклама -