Ирански претседател: Хезболах не може сам да се справи со Израел

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека сојузникот на Иран, Хезболах, „не може сам“ против Израел, чии бомбардирања во Либан вчера предизвикаа смрт на над 550 лица.

– Хезболах не може сам да ѝ се спротивстави на земја која ја бранат, поддржуваат и снабдуваат западните земји, европските земји и САД, изјави Пезешкијан во интервју за американската мрежа Си-Ен-Ен.

Тој ја повика меѓународната заедница да „не дозволи Либан да стане нова Газа“, каде што Израел спроведува воздушна и копнена офанзива како одговор на нападот од палестинскиот Хамас, сојузник на Иран и Хезболах.

Новиот ирански претседател треба да го одржи првиот говор на Генералното собрание на ОН, кое започнува денеска во Њујорк.

Прочитајте и:  Галант: Ги продлабочуваме нападите врз Хезболах, Израелците да останат смирени
- Реклама -