Синдикатот на полицијата бара повисоки плати за вработените во МВР

Синдикатот на полицијата на Македонија реагира на висината на платите на вработените во МВР и бара нивно покачување.

„Свесни сме, како Синдикат, но и како припадници на МВР, дека моменталната просечна плата која МВР ја исплаќа на полициските службеници е далеку од пристојна или нормална, односно истата е пониска од сите прифатливи стандарди за полициско работење во Балканот и во Европската унија. Иако, во текот на месец август беше донесен ребаланс на буџетот и согласно објавите на веб сајтовите во Македонија сопственост на новински агенции, но и сопственост на државни институции, беше најавено дека ќе има повеќе пари за МВР, како Синдикат се надевавме, а и понатаму се надеваме дека долговетуваното, долгоочекуваното и долгонајавуваното покачување во износ од, не помалку 10-15% на септемвриската плата, ќе биде дадено од страна на власта. Како СПМ напоменуваме дека, доколку и тие 10-15% бидат дадени во Октомври, сепак, нема ништо позначително да значат или да ја подобрат ситуацијата на полицискиот службеник, а ветуваме дека ќе настојуваме и ќе продолжиме да бараме покачувања сѐ додека не биде исполнето нашето барање 1 евро – 1 бод и тоа во разумен рок од страна на власта.“, стои во соопштението од СПМ.
Синдикатот најавува дека доколку не биде исплатено покачување во висина од 10-15% на платата  ќе преземаат натамошни мерки, согласно позитивните законски прописи, интензивно ќе бараат средби со функционерите, ќе одржуваат состаноци и интензивно ќе продолжиме со синдикалната борба.

Извор