Земјотрес со јачина од 3,4 степени почувствуван синоќа во Скопје и околината

Земјотресот бил на 23 километри источно од центарот на Скопје, на длабочина од 7 километри

Земјотрес со јачина од 3,4 степени по Рихтеровата скала бил почувствуван синоќа во Македонија. Епицентарот на земјотресот бил во Скопје.

„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќва, во 2.02 часот регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на скопското епицентрално подрачје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.4. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на градот Скопје и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала“,

се вели во официјалното соопштение.

Земјотресот бил на 23 километри источно од центарот на Скопје, на длабочина од 7 километри.

- Реклама -