Четворица загинати и 18 повредени во пукање во Алабама, САД

Повеќе лица испукале истрели врз група луѓе во областа Фајв Поинт Југ во Бирмингем нешто по 23:00 часот, соопшти полицијата

Четири лица загинаа, а 18 се повредени во масовно пукање во Бирмингем, Алабама. Како што пренесе Би-би-си,
полицајците пронашле тела на двајца мажи и една жена на местото на настанот, додека трет маж подоцна починал од рани од куршуми во болница. Локалните медиуми пренесуваат дека пукањето се случило пред познат клуб.

Според полицијата во Бирмингем, напаѓачите биле во група.

„Повеќе лица испукале истрели врз група луѓе во областа Фајв Поинт Југ во Бирмингем нешто по 23:00 часот“,

изјави полицискиот службеник Труман Фицџералд за локалните медиуми.

Фото: Би-би-си

Детективите истражуваат дали вооружените напаѓачи отишле до жртвите или поминале покрај нив, а досега ниту еден не е приведен за пукањето.

Различни агенции се вклучени во истрагата, вклучително и Федералното биро за истраги (ФБИ) и Бирото за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви (АТФ).

- Реклама -