Камала Харис ја прифати поканата на Си-ен-ен за дебата со Трамп на 23 октомври

Се надевам дека Трамп ќе ми се придружи, напиша Харис

Американската потпретседателка и кандидатка за претседател на САД од Демократската партија, Камала Харис, ја прифати поканата на Си-ен-ен да учествува на дебата со републиканскиот противкандидат Доналд Трамп на 23 октомври. Информацијата ја потврдија од нејзиниот изборен штаб, а Харис на платформата Икс напиша дека очекува и Трамп да ѝ се придружи во ТВ-дуелот.

„Доналд Трамп не треба да има проблем да се согласи на оваа дебата. Тоа е истиот формат и поставеност како дебатата на Си-ен-ен на која присуствуваше и рече дека победил во јуни, кога ги пофали модераторите, правилата и рејтингот на медиумот“,

порачаа од изборниот штаб на Харис.

Првата дебата меѓу Трамп и Харис се одржа на 10 септември.

По дуелот Трамп порача дека иако тој победил, сепак нема да учествува во уште една дебата пред изборите закажани за 5 ноември.

- Реклама -