Просторни реадаптации 3: Скопската плажа како место за културна практика

Утре во 20:00 часот ќе се оствари ново pop-up продолжение на ,,Просторни реадаптации 3″: Скопската плажа како место за културна практика со учество на повеќе автори кои имаат цел да ги претстават и иновативно да ги реадаптираат сопствените дела во склопот на скопската плажа, од која што е оставена само металната конструкција како додаток за изложбено поигрување.

,,Покрај тоа, очекувајте да ги погледнете и да ги доживеете овие трансформации на просторот од автори кои третираат разновидни уметнички дисциплини” велат организаторите.

Во ова трето издание учествуваат авторите: Ивана Ќ. Самандова, Ана Спасова, Доротеј Нешовски, Дарко Алексовски, Игор Таневски, Озбег Ајваз, Ана Трајковска, Филип Ивановски- Пепе и Дамјан Јанковски.

Прочитајте и:  Самостојна изложба на академскиот графичар Дарко Аницин - „Ремек дело на создавањето“

Тие ќе ја приближат уметноста до секојдневието на граѓаните и ќе овозможат поблиско запознавање на македонските уметници и различните изведби на денешната современа уметност.

Pop-up изложбата започнува на кејот на Вардар во 20:00ч и трае до 23:00ч Проектот е поддржан од Министерство за културa и туризам.

Претходната и претпредходната година се оддржа изложбата Просторни реадаптации 1.0 и 2.0. на Скопската плажа како место за културна практика, каде што група автори со своите мултидисциплинарни и инвентивни истражувања го трансформираа отворениот простор на некогашната скопска плажа, преполнувајќи го со разновидни концепти кои нудат свежи перспективи и давајќи му нова смисла.

- Реклама -