Нова студија ја потврдува теоријата дека коронавирусот тргнал од кинески пазар

(AP Photo/Dake Kang)


Нова студија за потеклото на коронавирост SARS-CoV-19, кој ја преизвика пандемијата на болеста ковид-19 нуди дополнителни докази за поддршка на теоријата дека вирусот првпат бил пренесен на луѓето од заразени животни на пазар во Кина кон крајот на 2019 година.

Дури и речиси пет години откако првопат беше рехистиран случај на ковид-19 првпат, меѓународната заедница сè уште со сигурност не утврдила каде точно се појавил вирусот. Првите случаи беа потврдени во кинескиот град Вухан на крајот од декември 2019 година, но имаше остри поделби меѓу застапниците на двете главни теории.

Едната, главно во западните научни кругови, е дека вирусот протекол од лабораторија, заеднички проект на САД и Франција поддржан од Кина, во градот Вухан која ги проучувала поврзаните вируси, додека другата е дека луѓето добиле ковид-19 од заразено диво животно кое било продадено на локален пазар. Научната заедница ја фаворизира втората теорија, но контроверзноста продолжува.

Студијата, објавена во списанието Cell, се заснова на повеќе од 800 примероци собрани од пазарот за морска храна Хуанан во градот Вухан, за кој се верува дека има порибено диви цицачи. Примероците биле собрани во јануари 2020 година по затворањето на пазарот и не биле земени директно од животни или луѓе, туку од површините на тезгите каде што се продавале дивите жвиотни, како и од одводите.

Од овој тип податоци, споделени од кинеските власти, „не можеме со сигурност да кажеме дали животните на пазарот се заразени или не“, изјави за AFP, една од авторките на студијата, Флоренс Дебар.

Сепак, „нашата студија потврдува дека на овој пазар на крајот на 2019 година имало диви животни, особено оние кои припаѓаат на видови како што се локални видови верверички и цибетки“, вели еволутивниот биолог од француската истражувачка агенција CNRS.

„И овие животни беа лоцирани во југозападниот агол на пазарот, што е исто така област каде што беше откриена голема количина на вирусот SARS-CoV-2, кој предизвикува ковид-19“, додава Дебар.

Овие мали цицачи можат да се заразат со вируси слични на оние кај луѓето, поради што се сомнева дека служеле како посредни домаќини помеѓу луѓето и лилјаците, од кои, како што се сомневаат научниците, потекнува вирусот SARS-CоV-2.

Присуството на овие животни на пазарот во централната покраина Хуанан претходно беше спорно, и покрај некои наводни фотографски докази и студија од 2021 година.

„Многу силни докази“

Бројни делови од една кабина беа позитивни на вирусот што предизвикува ковид, вклучително и „количка за животни, кафез, количка за отпадоци и машина за отстранување влакна/пердуви“, се вели во студијата.

„Во овие примероци имаше повеќе ДНК од диви видови цицачи отколку човечка ДНК“, се додава.

ДНК од цицачи била пронајдена во примероците позитивни за ковид од овој штанд, вклучително и ДНК од палмови цибети, бамбусови стаорци и верверички.

„Овие податоци укажуваат или дека животните од овој штанд го пренеле SARS-CоV-2, кој е откриен на опрема за животни, или дека раните непријавени човечки случаи на ковид-19 го пренеле вирусот на точно иста локација како и ткриените животни“, објаснува студијата.

Истражувањето, исто така, потврдува дека „најнеодамнешниот заеднички предок“ на вирусот од сојот „ковид“ пронајден во примероците на пазарот бил „генетски идентичен“ со оригиналниот вид на пандемијата.

„Ова значи дека раната разновидност на вирусот е пронајдена веќе на пазарот, што е и очекувано ако ова е местото каде што се појавил вирусот“, објаснува Дебар.

Џејмс Вуд, епидемиолог за заразни болести на Универзитетот во Кембриџ, кој не бил вклучен во истражувањето, рече дека студијата „обезбедува многу силни докази дека тезгите со диви животни на пазарот за морска храна Хуанан во Вухан се епицентарот на избувнувањето на ковид-19 пандемијата“.

Истражувањето беше важно затоа што „малку или ништо не е направено за да се ограничи трговијата со живи диви животни или загубата на биодиверзитетот или промената на користењето на земјиштето, кои се вистински веројатни двигатели на минатите и идните пандемии“, додава Вуд.

„Овие аспекти, исто така, не се вклучени во нацрт-договорот за пандемијата“ за кои земјите во моментов преговараат, додаде тој.

- Реклама -