КИЦ го најави новото издание на „Звукот на Скопје“

Носечката манифестација на Културно информативниот центар – Скопје „Звукот на Скопје“, оваа година повторно ќе се случи во формат на летен фестивал на отворено на кој ќе настапат свежи и актуелни музички имиња.

„Звукот на Скопје ќе се случува на 27 септември 2024, во Кулпарк (пред КИЦ), Салон 19:19 и галериите.

Програмата ќе биде збогатена со изложби и проекции на филмови, како дел од програмските активности на центарот.

,,Веќе знаете дека „Звукот на Скопје“ значи нов, летен, open air фестивал, кој прераснува во ново скопско музичко жариште. „Звукот на Скопје“ значи и свеж здив во долгото скопско лето и заситување на културните потреби на скопската сцена, со современи музички збиднувања и разновидна културна понуда. „Звукот на Скопје“ е и простор каде на голема сцена ќе може да се видат и етаблирани, но и нови групи, а значи и промовирање на нови концертни локации во градот, оживувајќи ги во културен контекст” порачуваат организаторите.

- Реклама -