Еве 15 од предвидувањата на Бил Гејтс кои се остварија во изминативе 25 години.
Веб страници за споредба на цени
Гејтс очекувал дека ќе се развијат веб страници кои овозможуваат споредба на цените на производите. Денес таквите платформи овозможуваат пронаоѓање на најдобрите понуди во речиси сите индустрии.
Мобилни телефони
Во својата книга, Гејтс предвидува дека мобилните телефони ќе бидат сеприсутни. Пишува дека секојдневно ќе носиме мали уреди кои ќе ни овозможат постојана поврзаност и работење од секаде. Денешните паметни телефони се многу блиску до оваа визија.
Онлајн финансиски услуги
Гејтс предвидува дека луѓето ќе плаќаат смеките, ќе управуваат со финансиите и ќе комуницираат со лекарите преку интернет. Денес користиме интернет-банкарство и телемедицински услуги кои овозможуваат едноставно управување со финансиите и здравјето.
Виртуелни асистенти
Иако не ги предвиде прецизно Алекса или Сири, Гејтс замислил лични асистенти кои ќе ги синхронизираат уредите, ќе собираат информации и ќе ги олеснуваат секојдневните задачи. Тоа денес е реалност со бројните виртуелни помошници.
Системи за надзор на домот
Гејтс предвидел постојани видеопреноси кои ќе не известуваат кога некој ќе го посети нашиот дом кога не сме тука. Денешните уреди како Google Nest системите го овозможуваат токму тоа.
Социјални мрежи
Гејтс пишувал за „приватни веб страници“ за семејството и пријателите. Иако социјалните мрежи како Фејсбук, X и Инстаграм не се сосема приватни, тие овозможуваат постојана поврзаност со одредени групи на луѓе.
Автогенерирани огласи
Гејтс предвидел софтвер кој ќе се темели на нашите активности и ќе ни предложува понуди. Денес алгоритмите за рекламирање користат слични податоци за да ги прилагодат огласите на нашите интереси.
Паметни огласи
Тој смета дека уредите ќе ги знаат нашите потрошувачки навики и ќе ни прикажуваат огласи во склад со нашите преференции. Ваквиот начин на таргетирано рекламирање денес е сеприсутен на интернет.
Real time дебати
Гејтс предвидел можност за дебатирање, на пример, за спортски настани во реално време. Денес социјалните мрежи и спортските форуми им овозможуваат на навивачите да ги следат натпреварите и да ги коментираат настаните во живо.
Линкови за време на ТВ преноси
Гејтс предвидел дека телевизиските преноси ќе вклучуваат линкови релевантни за програмата. Денешните преноси често нудат QR кодови или линкови кои ги носат гледачите кон дополнителни информации.
Виртуелни форуми за расправа за социјалните теми
Гејтс замислил платформи на кои граѓаните ќе можат да дискутираат за локалните проблеми преку интернет. Оваа визија денес се остварува низ бројните онлајн заедници и форуми.
Онлајн заедници втемелени на интереси
Основачот на Мајкрософт предвидел дека луѓето ќе бидат поврзани според нивните интереси, а не локации. Денес, платформите како Редит овозможуваат глобална поврзаност на луѓето со слични интереси, независно од тоа каде се наоѓаат.
Софтвер за управување со проекти
Гејтс предвидел софтвер кој ќе ја олесни работата. Апликациите како Слек и Мајкрософт Тимс денес се клучни алатки за комуникација и организација во модерните уреди.
Оналјн регрутација
Гејтс предвидел дека луѓето ќе може да бараат работа и да се поврзуваат со работодавачите преку интернет. Линкдин денес е водечка платформа за професионално вмрежување и вработување.
Софтвер за бизнис заедници
Во книгата Гејтс предвидува платформи кои фирмите ќе ги користат за да се натпреваруваат за проекти и соработка. Денес, платформите како Upwork и Fiverr им овозможуваат на малите фирми полесно да наоѓаат клиенти и работа.
Извор: Индекс