Златниот круг на времето на Ацо Шопов преведена на словенечки

Во Словенија, неодамна беше објавен избор од поезијата на македонскиот поет Ацо Шопов под наслов „Златен круг на времето“. Ова двојазично, луксузно издание, кое го комбинира македонскиот оригинал со словенечки препеви, воспоставува дијалог помеѓу неговата поезија и уметничките дела на академскиот сликар Боге Димовски. Книгата е првиот таков формат на македонски класик издаден во странство и ги опфаќа препевите на неколку генерации словенечки преведувачи, од педесеттите години на XX век до денес.

- Реклама -