Луис Хамилтон најави добро издание на неделната трка во Абу Даби откако денеска оствари најдобро време на првиот официјален тренинг.
Британецот, којшто во последните месец дена има голем пад на резултатски план откако обелодени дека догодина ќе настапува во болидот на Мерцедес ГП, овојпат делуваше импресивно на патеката, завршувајќи го тренингот како првопласиран со време од 1:43:285 минути.
Второто место го освои неговиот тимски колега Џенсон Батон со заостанување од 0,333 секунди зад Хамилтон. Актуелниот лидер во генералниот пласман, Себастијан Фетел, беше третопласиран со 0,765 секунди послабо време од лидерот. Зад Германецот се најдоа Фернандо Алонсо во болидот на Ферари, како и вториот возач на Ред бул, Марк Вебер.