Кузеска: Тошковски го ослободил бодигардот на Мицкоски кој тепаше полицаец

Прес конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Денеска објавуваме нов скандал поврзан со работата на министерот Панче Тошковски и МВР.

Јавноста уште еднаш ќе се увери дека со Мицкоски и Тошковси нема ниту правда, ниту одговорност за блиските до ВМРО-ДПМНЕ.

Се враќа МВРО-ВМРО на голема врата.

Обезбедувањето на Христијан Мицкоски, полицаецот Ивица Бисовски, кој тепаше друг полицаец пред кафе барот Мош во Скопје, Тошковски го ослободил од одговорност.

Сериозниот инцидент, се случи во февруари 2024 година, а натепан беше полицаец, инспектор во НТШ додека спроведувал акција против дрога.

Беше поведена дисциплинска постапка и комисија а лично Тошковски најавуваше и кривични пријави.

Се случи спротивно. Тошковски го ослободува Бисовски.

Иако Комисијата за дисципинска постапка побарала Бисовски да биде казнет, лично Панче Тошковски го ослободува бодигардот на Мицкоски од одговорност.

За блиските луѓе на Мицкоски се е дозволено, дури и да тепаат полицајци.

Прочитајте и:  СДСМ: Наместо да и честитаат на Шекеринска, Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ избраа да бидат „мали“ во момент кога Македонија е голема

“Одреден припадник на МВР сторил насилство со што ја погазил честа на службите во Министерството, па и честа на Македонија“

Вака зборуваше Тошковски на 19 февруари како технички министер, веднаш по инцидентот.

Епа министре Тошковски вие денеска не само што го погазивте зборот, ја погазивте честа и угледот на целото МВР, на сите полицајци.

Покажавте дека ниту за правдата, ниту за одговорноста, ниту пак за тепаниот полицаец кој изеде ќотек пред кафе барот Мош воопшто не ви е грижа.

Почитувани,

Го повикуваме Панче Тошковски да излезе пред јавноста и да одговори?

Дали оваа срамна одлука е донесена под директен налог на Христијан Мицкоски?

Која е вистинската причина за која е ослободен Бисовски?

Доколку Тошковски не одговори, СДСМ ќе ги даде одговорите пред јавноста.

СДСМ – Центар за комуникации со јавноста

- Реклама -