Школа за род, сексуалност и политика

Коалицијата МАРГИНИ Скопје и Институтот за родови студии при Филозофскиот факултет во Скопје објавуваат повик за учество на Школа за род, сексуалност и политика.

Низ десет предавања на теми од областа на феминизмот, родовите студии, квир теоријата, културата, образованието и правото, како и една воведна и една заклучна работилница оваа Школа ќе ги опреми учесниците со знаења и перспективи кои ќе им служат како алатки за борба против предрасудите и дезинформациите поврзани со родовата еднаквост и сексуалноста, со кои потоа ќе можат да ја препознаат системската родова и сексуална нееднаквост, да реагираат на неа и да можат да развиваат нови начини на борба кон истата.

Повеќе информации: https://coalition.org.mk/archives/12687

- Реклама -